
Штипјанката Анита Ташкова боледува од тешка болест карцином на јајници на матката, трет стадиум. Поради итност до сега и се направени две операции, кои чинат сума од милион 200 илјади денари. Во моментот на нејзе и се потребни 700 000 денари средства за биолошка терапија, која не спаѓа под фондот на осигорување. На повеќе локации во моментот од страна на хумани граѓани се поставени хуманитарни кутии, кој што ќе придонесат побргу собирање на износот, кој претставува голем товар на нејзиното семјество и моментална ситуација. Се повикуваат сите хумани сограѓани да помогнат кој, колку што може, бидејќи на некого малото за нејзе ќе означува многу. Инаку, Анита има само 44 години и е мајка на две деца.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет