На подрачјето на СВР Штип самоизолацијата главно се почитува

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на седум лица им се издадени Решенија за изолација .

Од страна на полициски службеници извршени се 59 контроли над лица во изолација и 232 контроли над лица во самоизолација.

Забраната за движење не ја почитувалo едно лице и  истото е опоменато. Поднесени се две кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 109 објекти.

Славица Величковска