
Две штипјанки вчера пријавиле во полиција дека во своите домови биле нападнати од своите сопрузи.
Вчера во 14.30 часот во СВР Штип, 52-годишна жена од Штип пријавила дека после полноќ во домот на ул.„Радански пат“ во Штип, во присуство на нивната малолетна ќерка, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг Ш.Д.(51) од Штип. Ш.Д. бил повикан во Полициската станица Штип и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 19.11 часот во СВР Штип, 30-годишна жена од Штип пријавила дека околу 18.40 часот во домот на ул.„Петар Поп Арсов“ во Штип, била физички нападната од нејзинит сопруг О.И.(37) од Штип. О.И. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава., информираат од СВР Штип.
На можноста од пораст на семејното насилство пред неколку дена укажа специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ.
– „Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство и голема е веројатноста тоа да се зголеми. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде со нив се однесуваат сурово. Оваа состојба се продлабочува за време на изолација и целосен карантин, воведени поради Ковид-19“, истакна Шимоновиќ.
Според неа, државите треба да преземат соодветни мерки за да им се помогне на жените, жртви на семејно насилство за време на карантинот.
Славица Величковска