Н. Мојсовски: КМФ „Кардшлк“од Штип ќе ја има целосната поддршка од АМС

Фудбалски Штип деновиве се збогати со формирање на уште еден Футсал клуб. На прволигашките екипи Астибо и Мал Ајакс им се приклучи тимот на Кардшлк кој од есенва ќе се натпреварува во Втората Футсал лига на Македонија. Идејата и реализацијата на овој Футскал проект беше на поранешниот играч на Брегалница Ведат Адемов – Веко, кој за претседател на клубот го назначи Александар Иванов, инаку генерален секретар на ФК Брегалница, тренер ќе биде Кире Дериволов а најнова вест е дека главен спонзор на Кардшлк ќе биде познатиот бизнисмен и сопственик на ФК Брегалница, Кирил Гогов. Скоро сите формалности околу регистрацијата и дејноста на клубот се завршени за што сведочи и последната посета во Агенцијата за млади и спорт.

Во клубот Кардшлк засега се регистрирани 18 играчи кои наскоро ќе започнат со тренажниот процес за што благовремено ќе инфомираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk