„Челичните“ Вероника Зашевска и Методи Георгиев ќе настапат на „Орион куп 2021“во Скопје

Градот Скопје ќе биде домакин и технички организатор на традиционалниот пливачки митинг „Орион куп 2021“ што ќе се одржи на олимпискиот базен во Скопје. Ова ќе биде 5 издание на овој меѓународен пливачки митинг на кој покрај останатите се поканети и ќе настапат двајца пливачи од клубот „Челични“ од Штип. Според информациите од тренерот Мирко Јакимовски, на базенот ќе се појават и ќе настапат Вероника Зашевска и Методи Георгиев и тоа во дисциплините слободно и делфин а митингот ќе се одржи во недела 23 мај во Скопје . Искуството вели дека штипските пливачи иако немаат погодни услови за тренажен процес поради немањето на базен, сепак тие во континуитет се снаоѓаат по соседните градови и се редовни на домашните и на меѓународните пливачки митинзи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk