
Поранешниот фудбалски судија Музафер Исмаили е новиот комесар за судии во Третата македонска фудбалска лига – Запад.
47-годишникот сега има нова улога како комесар кој ги делегира судиите за натпреварите од Третата лига – Запад, каде оваа сезона се натпреваруваат осум екипи и во секое коло се играат по четири натпревари.
Во овој третолигашки регион поради помалиот број екипи кои се натпреваруваат се игра трикружен систем или вкупно 21 коло.
Лани екипата на Влазерими беше шампион во Трета лига – Запад, но немаше среќа во баражот, а оваа сезона одново Влазерими е лидер со 19 бодови и сигурно чекори кон нов бараж.
Во овој регион од Третата лига главниот и линиските судии носат слушалки за подобра координација на самиот терен при донесувањето на судиските одлуки.
Трета лига – Запад функционира одлично, а претседател на ОФС Тетово е Мујдин Исмаили, а овој ОФС е организатор токму на Трета лига – Запад.