Продолжува проектот за поставување конзоли на река Отиња во Штип

Продолжува проектот за проширување на конзоли на река Отиња во Штип. Градежните активности на терен се во тек, па конзоли на река Отиња ќе се постават од новоотворениот мост до плоштадот Слобода во централното градско подрачје. Инвестицијата е вредна 7,5милиони денари.

„Најтесното грло во централното градско подрачје го прошируваме, да ги зголемиме паркинг местата, но и да ја прошириме оваа сообраќајница. Во изминатиот период со пратеникот Никола Мицевски поднесовме амандман за финансирање на овој потег заа конзоли на река Отиња. Обезбедени се пет милиони денари и веднаш почнавме да ги реализираме и инвестираме. Дополнително 2,5 милиони денари од Буџетот на Општина Штип се издвоени за реализација на овој потег“ – вели Јорданов.

Средстава за овој проект се обезбедени од централниот Буџет, а како резултат на поднесен амандман од страна на пратеникот Мицевски. Во денешната прилика исткана дека е задоволен што центарот на Штип добива поинаков лик, а се овозможува побрз проток на возила и поголема безбеднот во сообраќајот.

„Ова се средства кои се обезбедени од амандман побаран од моја страна, од централниот Буџет морам да потенцирам, меѓутоа заборавени средства кои не беа вметнати. Задоволен сум што успеваме секоја година од Буџетот да добиваме одредени конкретни средства како за заштитна ограда на река Отиња така и за конзоли“ – вели Мицевски.

Освен на овој потег во периодот кој следи проектот конзоли на река Отиња ќе продолжи и од Основното училиште „Ванчо Прке“ до Основниот Суд во Штип.

„Во Буџетот на Општина Штип за продолжување на проектот конзоли на река Отиња одвоивме дополнителни 15 милиони денари за потегот од Основното училиште „Ванчо Прке“ до Основен Суд Штип.“ – додава Јорданов.

По завршување на проектот конзоли на река Отиња ќе следи поставување и на заштитна ограда.

Лаура Стојанова М-Нет