Мотоциклист излетал од патот, пренесен во Клиничка болница Штип

На 27.06.2021 во 18.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во близина на место викано „Киселица“ – Пробиштип, мотоцикл „томос АПН“, со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(43) од Пробиштип, излетал надвор од коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.