Џудо: Одлични резултати на членовите на „Гладијатор“ од Кочани на првенството на Македонија

Изминатиот викенд во градот Прилеп се одржа Државното првенство на Македонија во Џудо за натпреварувачи во повеќе возрасни категории. Според информациите од тренерот на Џудо клубот „Гладијатор“, од Кочани, Драган Шеќероски членовите на овој клуб во текот и на двата дена го искажаа сиот свој раскошен талент и постигнаа одлични резултати. Во конкуренција на Пионери браќата Матео и Милан Станоеви освоија бронзени медалји, додека кај Сениорите бронзени медалји освоија: Дамјан Крстов,Христијан Павлов, Филип Манасиев,Горан Терзиски и Љубица Наунова и сето ова остварено во конкуренција на 160 натпреварувачи од 14 македонски клубови.

Во конкуренција на Помлади пионери во своите категории Матео Станоев го освои првото место, Габриел Станоев беше втор, Милан Станоев, Петар Новков и Благоја Благоевски беа трети.

Во Кадетска конкуренција Дамјан Крстов го освои првото место, Христијан Павлов и Станислав Грпов беа втори а трета беше Стефанија Павлова, додека Љубица Наунова го освои четвртото место.

Во недела се одржаа натпреварите во конкуренција на Јуниори и Кадети при што Филип Манасиев го освои второто место, Дамјан Крстов и Христијан Павлов беа трети а Станислав Грпов беше четврти. Со оглед на долготрајната пауза поради пандемијата според тренерот Драган Шеќероски, ова се одлични резултати за младите членови на Гладијатор кои во периодот што следи ги очекуваат доста искушенија на многубројните турнири и државни првенства.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk