
Млади кокошки несилки, домашен мед и прополис продава штипјанецот Костадин Петков на пазарот во Штип. Тој и неговото семејство чуваат пчели и кокошки во нивното село, а домашните производи ги носат на пазарот. Медот го продава за 600 денари, а по истата цена ги нуди и младите јарки за чување. Вели дека медот е домашен и произведен по течението на реката Брегалница.
,,Шесто денари е медот, домашен, произведен по течението на реката Брегалница. Еве и кокошки продаваме, кој сака може да си купи, 600 денари и тие, јарки се, за чување. Не сум ги изведел, купи ги и јас, ама морам да ги продадам заради здравствени причини и тоа е.
Од вкупно 50 до 60 кокошки, на Петков му останале уште неколку за продажба. Вели дека кокошките се добри за чување, бидејќи штоштуку пренеле, но за него претставуваат дополнителна обврска. Од Штип до селото, треба секој ден да патува, што дополнително му ја отежнува ситуацијата.
,,Па имаше 50, 60 , уште овие останаа. Добри се, кој сака да си ги чува, на мене не ми одговора, 50 киломтери треба да патувам
Петков смета дека домашното производство секогаш е поздраво и повеќе квалитетно, бидејќи како што тој рече, се знае од каде доаѓа производот и како е произведен. Дали станува збор за мед, јајца или други домашни производи, важно е вели човек да произведува се дури може.
Иван Митев, М-Нет