Мицов: Тенисот во Македонија оди во нагорна линија

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Стефан Мицов кој е еден од подобрите тенисери во Македонија вели дека македонскиот тенис оди во нагорна линија и дека истиот се развива.

Во изјава за телевизија М Нет, Мицов вели дека тенисот е во горна линија и дека истиот се развива.

Низ Македонија се организираа повеќе турнири на разна подлога на кои учество покрај домашните тенисери доаѓаат и тенисери од странство. Мицов за М Нет вели дека турнирите кои се организираат низ Македонија значат многу во развојот на тенисот.

Тенисот во Македонија оди во нагорна линија, интересот и желбата за тренирање тенис кај нас се зголемува и претходно телевизија М Нет известуваше на оваа тема каде констатиравме дека и во помалите градови во Македонија тенисот се развива.

Александар Ванев, М-Нет