Мицкоски: Пет потрошувачки кошнички за пет различни категории – за самци, млад брачен пар, трочлено семејство, четиричлено семејство и пензионери

Пет потрошувачки кошнички за пет различни категории: за самци, млад брачен пар, трочлено семејство, четиричлено семејство и пензионери. Премиерот Христијан Мицкоски најави нов економски модел кој ќе ги опфати специфичните потреби на секоја категорија граѓани. Според него, потрошувачката кошничка повеќе не треба да биде унифицирана, туку треба да се пресметува во зависност од бројот на членовите во семејството и нивната возраст.

,,Очекувам во најскоро време да биде закажан економско социјалниот совет. На истиот преставниците на синдикатите, на работодавачите, на владата ќе разговараат и на потрошувачка кошница, која што мислам треба да биде поделена во пет сегменти. Потрошувачка кошница за самец, потрошувачка кошница за млад брачен пар, за трочлено семејство, за четиричлено семејство и секако за пензионерите. Мислам дека треба да опфатиме во иднина анализа на пет потрошувачки кошнички, затоа што потребите на луѓето се според возраста, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста како е сочинета една заедна. Така што ова ќе биде мој предлок, што сум го разговарал со академската афела. Мислам дека е добар за разлгледување.“, рече Мицкоски

Вакавите предлози според премиерот се добри, бидејќи потребите на еден млад пар, не се исти со потребите на пензионерите. Како што истакана тој, на овој начин ќе се задоволат потребите на сите категории.

Инаку, премиерот Мицкоски како што посочи, овие предлози ќе бидат разгледани, со цел потрошувачката кошничка повеќе не биде унифицирана, туку пресметува во зависност од бројот на членовите во семјеството и нивната возраст.

Иван Митев, М-Нет