Мицевски: Црната кампања за изборите почна преку лажни профили на социјалните мрежи

Избори во кои ќе има најразлични обвинувања – ова е очекувањето на Никола Мицевски во пресрет на изборите. Денеска од Штип посочи дека голема нервоза има кај владејачкото мнозинство, а пласираат и лажни информации. Според него на самиот почетокот на кампањата политичките противници не биле организирани.

„Големата нервоза кај владеачкото мнозинство и лажните информации, но и неорганизацијата на самите штабови на ова мнозинство. Нервозата е видлива и во парламентарните тимови и на листите, оти најголем дел од пратенците кои беа сега не се на листите за пратеници. Тоа укажува на фактот дека не ја завршиле работата во овој четиригодишен мандат“ – вели Мицевски.

Мицевски истакна дека црната кампања за претседателските и парламентарните избори веќе е почната на социјалните мрежи и тоа преку лажни профили, а за кампањата на терен, според него најдобри се тета тет средбите со граѓаните

Мицевски најави дека неговата партија ќе оди со позитивна кампања и промоција на проектите од Програмата, коишто според него се реални и оствариливи. Дециден е дека ќе се реализираат и митинзи како и претходно, а додава дека нема да изостанат и тет-а-тет средбите со граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет