
Тиквеш го преживеа првиот полуфинален меч против Шкупи на Чаир откако двете екипи во рамки на полуфиналето од Купот на Македонија одиграа нерешено без голови (0:0).
Во израмнет меч со повеќе шанси во вториот дел, мрежите останаа чист и на двете страни, па битката кој да патува во финалето ќе се решава во Кавадарци во вториот полуфинален меч.
Утре се игра вториот полуфинале меч меѓу Воска Спорт и Македонија ЃП на „Билјанини Извори“ во Охрид, со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет