
Минирана локацијата кај „Попва Чешма“ во Штип со што се отвора фронт за работа за ископ на материјал за изградбата на брана на река Отиња. Освен на оваа се работи и на неколку други локации, посочи денеска од лице место министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Вели дека проектот е доста тежок, но се работи напорно со цел да се реализира и штипјани да добијат брана.
„Покажавме дека овој проект не затоа што е лесен, напротив затоа шпто е тежок и комплекесен проект се зафативме да го реализираме со целата пропратна документација за да денеска овој објект се работи со одличен прогрес работите со отворен фонд за работа за изведувачот. И денеска ми е драго што завршивме со минирањето на теренот на локација „Попова чешма“ каде веќе се отвора фронт за работа за ископ на материјал за насипот на загатот на околу 5000 метри кубни материјал. Драго ми е што се работи на повеќе локации.“ – вели Бочварски.
Во Буџетот оваа година се предвидени околу 130 милиони денари за изградбата на браната на река Отиња, со што се очекува наредната пролет истата да биде завршена и ставена во функција. Бочварски посочува дека динамиката на реализација на овој проект се движи со забрзано темпо, како што е предвидено.
„Согласно динамиката, согласно градежните норми и принципи за градба на вакви комплекси проекти се реализираат еден по еден сите елементи кои се потребни за реализација на овој проект. Кога станува збор за реализација на изградбата на брана на река Отиња за оваа година во Буџетот имаме околу 130 милиони денари со што очекувам веќе наредната пролет да биде завршен овојм објект и да биде ставен во функција“ – вели Бочварски.
Изградбата на брана на река Отиња започна кон средината на 2021 година, со инвестициона вредност од вкупно 306 милиони денари.
Лаура Стојанова М-Нет