Тефику ќе им суди на Брегалница и Шкупи, Пилешков ќе биде главен во Ѓорче

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд се играат натпревари од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, а ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари.

Александар Грујоски ќе го суди дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Брера Струмица, Марјан Младеновски ќе биде главен во Кравото каде ќе играат Силекс и Гостивар во дерби за четвртото место на табелата.

Димитар Пилешков ќе биде главен во Ѓорче каде ќе играат Македонија ЃП и Шкендија, Ндерим Тефику ќе биде главен во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Шкупи.

Стојанче Трпчевски ќе биде задолжен за правдата меѓу Вардар и Струга Трим Лум, а пак Јован Качевски го доби дербито за бегство од долниот дел на табелата меѓу Воска Спорт и Работнички.

Сите натпревари ќе стартуваат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 26. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Тиквеш – Брера Струмица, Александар Грујоски (Кичево)
Силекс – Гостивар, Марјан Младеновски (Скопје)
Македонија ЃП – Шкендија, Димитар Пилешков (Штип)
Брегалница – Шкупи, Ндерим Тефику (Куманово)
Вардар – Струга Трим Лум, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Воска Спорт – Работнички, Јован Качевски (Струга)

Александар Ванев, М-Нет