Под мотото „Моето здравје е мое право“ учениците од СОУ „Јане Сандански“ го одбележуваат 7-април, Светскиот ден на здравјето

Под мотото „Моето здравје е мое право“, учениците од СОУ„Јане Сандански“ го одбележаа 7 април, светскиот ден на здравјето. Низа активности беа дел од овој исполнет ден на учениците, а ваквите акции се со цел да се одигне свеста кај сите граѓани за своето здравје. На поставените штандови учениците мереа кревен притисок, гликемија, и тежина на граѓаните.

„Ние сме ученици од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ Штип и денес сме овде по повод одбележување на светскиот ден на здравјето – 7 април. Овде сме поставени пред пазарот, каде има добар одзив од нашите граѓани. Мериме крвен притисок, тежина и шеќер во крвта, однсоно гликемија.“ – изјави ученичка од СОУ „Јане Сандански“

Инку освен на пазарот, акциите на медицинското училиште се спроведува во населбата Сењак, и во централното градско подрачје на малиот плоштад.

„Освен на пазарот имаме поставено штандови во населбата Сењак, и во централното градско подрачје на млиот плоштад. И денес се споведе акција во средните училишта, каде што на професорите им се мереше крвен притисок.“ – додава ученичката

Посочуваат дека во акцијата на училиштето се вклучени стручни наставници и ученици од образовни профили, Воедно на денешната акција се мери и очен притисок и диоптија, се дели здрава храна и флаери за најчести болести на денешницата. Граѓаните се задоволни од ваквата акција и велат дека треба почесто да се реализира.

„Многу убаво, овоа треба почесто да се прави особено за нас пензионерите, навистина е убаво да се реализира. Денеска мериме притисок тежина и испитување на шеќер. Како не е добро, воа е и превентива, кога ние дома ќе провереме немаме време. Добро е да провереме што како е со здравјето.Измерија ми шеќер во крва и добар е 5,7, и добра е.“ – додаваат граѓаните.

Велат дека ваквата акција е со превентивна цел за да си ја видат состојбата на здравјето. Ја подражуваат оваа иницијатива и се надеваат во работата на младите.

Лаура Стојанова М-Нет