
Викендов на тениските терени на Тениска академија Аеродром во Скопје во рамките на годишниот МТФ календар се одржа завршен турнир во зелен тенис во категорија на момчиња и девојчиња до 11 години.
Мила Ушинова и Теона Богоева беа претставници за тенискиот клуб Астибо од Штип во категорија девојчиња, додека пак во машка категорија претставници на штипскиот тениски клуб беа Стефан Гичев и Младен Митев.
Младен Митев и Теона Богоева одиграа добри натпревари во групната фаза, но не успеаа да ја поминат истата. Стефан Гичев по минатонеделниот успех – победник во портокалов тенис во конкуренција до 10 години, овој викенд стигна до четвртфиналето, додека Мила Ушинова го освои првото место и со овој успех ќе ја заврши оваа натпреварувачка сезона во најдобрите четири во оваа категорија.
Успешни резултати за младите тенисери на тенискиот клуб Астибо од Штип.
