Мерени пари – еден ден се јаде наредниот се штеди – граѓаните во Штип револтирани од ситуацијата

Еден ден се штеди за наредниот да има пари за пазарување, со 40 години стаж се зема 12 илајди денари пензија, и на крај нема каде да се бара правда оти резултати на виделина нема. Анкетираните граѓани во Штип револтирани од ситуацијата во државата, велат дека живеат онака како што мораат. Тоа според нив значи намалено пазарување, постојано шредење пари ако има од каде да се скрати за да се заштеди, парите се мерени, а напорите нешто да се промени не даваат резултат. Дека ситуацијата е далеку од добра согласни се и помладите граѓани.

„Они треба да живеат, а ние не треба да живееме ние можеме со 13 илајди, а они ќе живеат со 2 илјади 3 илјади евра. За едно лепче дадеа повеќе не мора. Со 40 години стаж да земеш 12 илајди пензија тоа е срамно. Деенска не купуваме за утре да имаме нешто да пазареме. Мерена пара – толку.“ – велат граѓаните.

И не само ситуацијата со пензиите и платите децидни се дека во државата многу нешта не се движат во добар правец. Високи се цените на прозиводите, нема пари за сметки и лекови од еднас трана од друга страна се богатат финкционерите. Токму затоа посочуваат младите заминуваат егзистениција да бараат надвор од границите на државата, а граѓаните од третата доба заслуженото го бараат на улица.

Ребека Спасова М-Нет