Посебен третман на текстилниот отпад – Закон има, но колку истиот дава резултат?

Законот за посебен третман на текстилниот отпад стапи на сила на 1 јануари оваа година, но колку истиот дава резултат. Согасно одредбите на Законот беше предвидено стариот и износен текстил да може да се врати назад во продавница, а тенденцијата до 2030 година целиот отпад да биде преработен. Но, како што вели Шарковски причините се повеќекратни, а Законодавецот е со преголеми амбиции.

„Причините се повеќекратни, едно е неподготвеноста на државните институции, а втората причина е што законодавецот беше прилично амбициозен по одредбите на Законот. Пример до 2030 година во Македонија нема да има текстилен отпад.“ – вели Шарковски.

Додава дека продолжува соработката со текстилните компании на територија на Штип за собирање на текстиел отпад. Ова е од полза и за локалната заедница и за компаниите. Ваков проект во прва фаза е започнат и во Тетово.

„Тие едно плаќаат дополнително за него, а не добиваат никаков третман од јавните претпријатија, имаат проблем со царинските декларации о затоа тектилните компании се најрасположени да ова прашање се реши“ – додава Шарковски.

Текстилниот отпад е проблем кој се провлекува со години и се бара соодветен начин за негово решавање. Реупотреба на стариот текстилен отпад е едно од можните решенија.

Ребека Спасова М-Нет