МВР со детали за двете вчерашни сообраќајни незгоди на патот Штип – Кочани

На 13.02.2021 во 09,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, кај с.Крупиште се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Ѓ.(57) од Свети Николе и патничко моторно возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Кочани, управувано од З.Г.(54) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Г. и сопатниците В.Ј.(56)  и Ј.А. (71), двајцата од Кочани констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Штип. 

На 13.03.2021 во 11,10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани кај с.Уларци,  се случила сообраќајна незгода помеѓу „мини купер“ со австриски национални ознаки управувано од И.С.(52) од Р.Австрија, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од Делчево, и товарно моторно возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.С.(51) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.С., сопатничката од истото возило Б.М.(46) од Кочани и А.Д, а со телесни повреди се здобиле Т.С. и сопатникот од возилото “ауди“ В.А.(58) од Делчево констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.