Емил Павлов освои бронза во Истанбул

Штипјанецот Емил Павлов како член на Македонската репрезентација освои бронзен медал во рамки на Премиер лигата што се одржува во Истанбул, Турција. Тој рано наутро во борба за бронза го победи својот противник од Казахстан на голема радост и задоволство на нашата селекција. Инаку селектор на македонската репрезентација е воедно и тренер на Емил Павлов е Сашко Арсовски.