Дерби на Работнички и Беласица, Осогово ќе бара нова победа против „лавовите“ во Ѓорче

Десеттото коло на ВМФЛ кое се отвара денес со три натпревари ќе се комплетира утре со четири натпревари.

Осогово по првата сезонска победа која се случи во претходното коло ќе се обиде да дојде и до втора победа во низа и можност „жетварите“ за првпат да излезат од опасната зона. Тимот од Кочани го очекува неизвесно гостување кај ланскиот прволигаш Македонија ЃП, каде и „лавовите“ ќе бараат враќање на победничките патеки по поразот од Охрид и ремито со Беласица во Струмица.

Локално дерби ќе се игра меѓу Камјани и Тетекс каде двете екипи ќе сакаат да го продолжат трендот на позитивни резултати, а со тоа да може и да го напаѓаат четвртото место.

Камјани пред овој меч влегува како петтопласиран со 14 бодови, а Тетекс со бод помалку.

Пелистер како фаворит пред домашната публика ќе се соочи со Детонит Плачковица, каде битолчани ќе сакаат продолжува на победничката низа и да го следи лидерот Охрид, додека пак радовишани се пред предизвик да успеа да ја преживеат Битола, макар тоа било и со реми.

Дербито ќе го одиграа Работнички и Беласица. Струмичани немаат пораз оваа сезона, но имаат дури седум ремија во низа, а пак „романтичарите“ немаат реми, но имаат два порази.

Двете екипи имаат подобри одбрани во првенството, Работнички прими четири гола на осум меча, а пак Беласица шест на девет меча, но пак Работнички е подалеку подобар во нападот со 15 постигнатига гола, а Беласица има осум постигнати гола.

Беласица ќе се обиде да се врати на победите по серијата нерешени исходи, а Работнички ќе бара враќање на победи по поразот од Охрид.

Александар Ванев, М-Нет