Маноилов: Недоволни се количините на врнежи од дожд во период од месец април до сега во Штип

Не доволни се колчините на врнежи од дожд, недоволен е и распоредот на паѓање од месец април до денес, според мерењата на метеролошката станица во Штип, вели раководителот Живко Маноилов. Тој посочи дека во месец мај имало најмногу количини на врнежи со 67 литри на метар 2, а во април 66 литри на метар2. Како што посочуваат сите мерења се надвор од нормалните, а тоа е како резултат на промената на клима, но и постојаното градење во градот.


„Па од месец април до денес спрема нашите мерења, количините не беа доволно со доволен распоред на паѓање, најмногу имавме во мај 67 литри на м2, април имаше 66, меѓутоа почнувајќи од јуни па до сега до август, количините се енормно мали. Тоа се јавува поради промена на климата, а промената на климата и нашиот град постепено се прави исто како и Скопје.“ – изјави Маноилов

Енормно мали количини на дожд се забележани во месец јули и тоа со три литри на метар2 , потоа 34 литри во јуни, а количината на врнжени на дожд се зголемиле последните неколку денови во месец август со врнежи од 33 литри на метар2.


„Количината во април, мај беше да, меѓутоа јуни имавме само 34 литра, а јули имавме само три литри на метар квадратен. Последните 3-4 дена во август имаме околу 33 литри на метар2.“ – додава Маноилов

Инаку со намалување на количината на врнежи, теммпературата постојано се зголемува. Во месец август пет дена по ред измерена е температура од 40 степени.


„Доаѓа до намалување на врнежите, притисокот, температурата се зголемува. Ние во август месец имаме енормно пет дена по ред 40 степени температура. Зборуваме за температура која многу се зборува дека е скриена, не е вистинска. Меѓутоа за мерење на температурата си има меѓународни правила и стандарди, каде се мери температурата и на какво место се мери, со какви инструменти се мери. Како прво температурата не се мери директно изложено на сонце. Температурата се мери во сенка на проветрено место, на одредена висина и во одредени закони.“ – додава Маноилов

Инаку посочија дека мерењето на температурата си има меѓународни правила и стандарди каде се мери тепературата односно на какво место и со какви инструменти. Важно е температурата да се мери во сенка, а не директно изложена на сонце, на проветрено место и во одредена висина.

Лаура Стојанова, М-Нет