
Во недела ќе се одиграат натпреварите од 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите, кои ќе започнат во 16 часот, освен мечот во Струмица меѓу Брера и Шкендија, кој ќе се игра под рефлектори, а кој ќе започне во 20 часот.
Игор Стојчевски ќе им суди на новајлијата Беса и на освојувачот на Купот екипата на Тиквеш, Стојанче Трпчевски ќе им суди на Работнички и шампионот Струга Трим Лум, Александар Грујоски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Брера Струмица и Шкендија кој ќе се одигра под рефлектори. Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Пелистер и Силекс во Битола, Александар Ставрев ја доби скопската пресметка на Чаир меѓу Шкупи и Вардар, додека пак Димитар Пилешков ќе патува во Охрид каде ќе им суди на Воска Спорт и Гостивар.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 3. КОЛО ПРВА ЛИГА 2024/2025
Беса – Тиквеш, Игор Стојчевски (Скопје)
Работнички – Струга, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брера Струмица – Шкендија, Александар Грујоски (Кичево)
Пелистер – Силекс, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкупи – Вардар, Александар Ставрев (Скопје)
Воска Спорт – Гостивар, Димитар Пилешков (Штип)
Александар Ванев, М-Нет