„Малеш Куп“: Манто 2013 и Панорама Делчево ги искинаа мрежите, публиката уживаше во одлични натпревари!

Синоќа беа одиграни нови четири натпревари од групната фаза од турнирот во мал фудбал „Малеш Куп“ во Берово. Публиката уживаше во многуте погодоци и интересни натпревари.

Само првиот натпревар предизвика голема неизвесноста кај публиката, додека сите останати натпревари беа решени на убедлив начин.

Првиот натпревар кој започна во 19:00 часот заврши со минимални 1:0 за триумф на Extreme/Go Plast против Вегас Казино.

Во вториот меч Extreme/Go Plast доживеа дебакл и загуби од Манто 2013 со 0:4, а во третиот меч Манто 2013 забележа уште убедлива победа од 1:6 против екипата на Вегас Казино.

Во последниот меч од 21:15 часот, екипата на City Pub & Discoteque Calipso загуби со високи 0:3 од Панорама Делчево.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан во Берово.