ЈП Исар ќе продава дел од својот недвижен имот кај пазарот во Штип

ЈП Исар ќе продава дел од својот недвижен имот. Ова е одлука по барање на в.д. директорот на ЈП Исар, со цел да се подобри финансиската стабилност на претрпијатието. Управниот одбор ја донесе оваа одула и истата ќе биде ставена на дневен ред на наредната седница на Советот на Општина Штип. Станува збор за имот кој се наоѓа кај градскиот пазар во Штип. Директорот на ЈП Исар, Кирил Зајков во телефонски разговор за М-Нет телевизија потврди дека ваква одлука е донесена на Управен одбор.

„Станува збор за недвижен имот кој се наоѓа кај градскиот пазар во Штип, сопственост на ЈП Исар, ама во последните пет години овој имот не се користи. Токму затоа Управниот одбор донесе одлука за продажба на имотот ама ова треба да помине на седница на Совет. “ – вели Зајков.

Продажбата на недвижниот имот ќе се оствари по пат на јавно наддавање. Проценетата вредност на двата деловни простори е речиси 14 милиони денари. Средствата кои ќе се обзбедат од продажбата ќе бидат уплатени на сметка на ЈП.

Лаура Стојанова М-Нет