
Екипата на Мал Ајакс утре во Штип ќе ја пречека екипата на Победа од Прилеп, во рамки на 23. коло на Втората футсал лига на Македонија.
Штипјани ќе бидат фаворити против прилепчани за нова победа и нови три бодови, бидејќи Мал Ајакс и не смее да си дозволи кикс на патот кон влез во Првата футсал лига за следната натпреварувачка сезона.
Натпреварот меѓу Мал Ајакс и Победа ќе се одигра во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.
Утре, исто така екипата на Кораб ќе игра на домашен терен против ССК Скопје, во меч каде домашниот тим ќе важи за фаворит за триумф.
Колото ќе се комплетира во понеделник со натпреварот меѓу Партизан Југ и Конзули од Битола, а натпреварот се игра во Брвеница.
Александар Ванев, М-Нет