
Македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец на Македонија, Влатко Дробаров со својот тим Черно Море стана вицешампион на Бугарија. Ова е голем успех за Черно Море и Дробаров откако го обезбедија второто место обезбедија и „виза“ за излез во Европа.
Со скор од 22 победи, девет ремија и четири пораз и освоени 75 бодови екипата на Черно Море заврши на второто место и со тоа стана вицешампион на Бугарија.
Дробаров има одлична сезона во дресот на Черно Море откако често беше дел од тимот на колото, а многу веројатно е дека може да биде и во тимот на сезоната што ќе биде потврда за неговата успешна сезона.
Пред Черно Море е европскиот предизвик односно квалификациите за влез во групната фаза во Лигата на Европа.
Александар Ванев, М-Нет