Прво засилување за новата сезона во ПМФЛ: Дарко Додев е нов играч на Силекс

Прволигашот Силекс од Кратово го промовираше првото засилување за новата сезона, откако го промовираше Дарко Додев за нов играч.

26-годишниот Додев се враќа во Кратово, откако во сезона 2018/2019 беше играч на Силекс.

Во својата кариера Додев настапуваше за Металург, Тиквеш, штипска Брегалница, Шкупи, а на меѓународен план настапуваше за Влазнија од Албанија.

Додев во тимот на Александар Васоски доаѓа од редовите на Шкупи, каде настапуваше во пролетниот дел, откако на зимскиот преоден рок се врати од Албанија.

Силекс сезоната во македонската елита ја заврши на 5. место со освоени 43 бодови и скор од 10 победи, 13 ремија и десет порази.

Александар Ванев, М-Нет