Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за дуелите со Белгија и Казахстан

ФОТО: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за двата квалификациски натпревари за Светкото првенство 2026 против Беглија, меч кој го играме во Скопје на 6 јуни и против Казахстан на гостински терен во Астана на 9 јуни.

Напаѓачот Трајковски вели дека сите треба максимално да се стават во функција за репрезентацијта, притоа потенцираше дека е многу важна концентрацијата.

Првиот јунски предизвик за македонската репрезентација ќе биде Белгија, а како што вели Трајковски поука од мечот со Велс треба да се извлече тоа што натпреварот се игра додека судијата не означи крај.

Трајковски направи и една кратка анализа за репрезентацијата на Белгија и ги сподели неговите очекувања за овој меч.

Македонија досега одигра два натпревари, го добивме Лихтенштајн, а потоа дома ремизираме со Велс, а сега пред Македонија се два јунски предизвици против Белгија дома и против Казахстан во гости.

Александар Ванев, М-Нет