
Македонија ЃП и Брегалница се пред официјално испаѓање во Втората лига, а веќе овој викенд двете екипи ќе ги спакуваат куферите и ќе заиграт во Втората лига од следната сезона.
Двете екипи се во опасната зона за директно испаѓање со по 26 бодови и веќе немаат никакви шанси да се спасат, им останува само надежта за баражот, но треба Вардар до крајот да направи киксови, што е реално тешко, па така овој викенд доколку Вардар триумфира против Македонија ЃП тогаш „сините“ од Штип и „лавовите“ од Ѓорче ќе се збогуваат од Првата лига, а Вардар во најмала рака ќе игра бараж за опстанок.
Брегалница во Првата лига се врати во сезона 2021/2022 и заврши на седмото место односно во средишниот дел од сезоната, минатата сезона беше на петтото место, а оваа сезона испаѓа од елитата и се враќа назад во Втората лига, каде конкуренцијата за следната сезона за влез во Првата лига ќе биде доста тешка.
Македонија ЃП како шампион на Втора лига – Запад во сезона 2017/2018 обезбеди влез во Првата лига, а испаѓа оваа сезона.
Александар Ванев, М-Нет