Македонија покажа храброст, но загуби од Холандија која доби „рекорден“ број пенали, РФМ ќе поднесе жалба

Македонија загуби на вториот меч на Светското првенство од Холандија, со 37:32, но целиот падна во фокусот на судиите од Данска, Јеспер Хансен и Мадс Хансен.

Данските судии покажаа 12 пенали за Холандија, но имаше и други елементи од судењето кои беа на штета на Македонија, за што тоа влијаеше и на резултатот.

Дека е така и од Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе жалба за судењето на судиите од Данска до Светската ракометна федерација.

На крајот од мечот во еден глас грмеше македонската „фаланга“ која броеше повеќе од 3.000 навивачи, а ракометарите на Холандија заедно со селекторот побегнаа без да останат до крај за програсување за играч на натпреварот.

На натпреварот Кузмановски имаше десет гола за Македониај а пак Тен Велде 11 за „лалињата“ поголем дел од седум метри.

Македонија утре ќе се соочи со селекцијата на Гвинеја од 18 часот, со победа одиме во следната фаза.

Александар Ванев, М-Нет