Агросмарт со „петарда“ во финалето против Фреш Фрут за освојување на традиционалниот турнир „Водици 2025“

Денес се одигра големото финале од традиционалниот турнир во мал фудбал „Водици 2025“, под покровителство на општина Штип и Брегалничката епархија.

Во големото финале кое се одигра во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, екипата на Агросмарт со 5:1 беше убедлива против Фреш Фрут.

Одлична организација, а пред се и одлично финале каде екипата на Агросмарт со „петарда“ доминираше на теренот и го освои овогодинешното издание на „Водици 2025“. Екипата на Фреш Фрут е второпласирана на „Водици 2025“.

Агросмарт и во полуфиналето доминираше откако со 3:1 славеше над Ѕурѕу Фарм, а пак Фреш Фрут „билет“ за финалето обезбеди откако славеше над Радио такси Де Лукс со 2:3 преку пенал рулетот.

Александар Ванев, М-Нет