
Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Естонија со 69:74 на стартот од квалификациите за Евробаскет 2025. Натпреварот кој се одигра во СРЦ „Кале“ Македонија имаше периоди во кој блескаше, но и периоди во кој напаѓаше.
Натпреварот во СРЦ „Кале“ го следеа околу 2.000 навивачи кои даваат поддршка за нашите кошаркарки.
Македонија првата четвртина ја доби со 20:19, а пак во втората беше подобра со 23:17. Потоа следуваше пад во нашата игра бидејќи Естонија во третата четвртина направи осетна разлика откако истата ја доби со 10:21 и оваа разлика беше клучна за нашиот пораз.
Во последната четвртина Македонија загуби со 16:17 за конечни 69:74.
Најдобар играч на средбата беше Ненад Димитријевиќ со 25 поени, одлично одигра и новото засилување Итан Хап кој имаше „дабл-дабл“ учинок со 18 поени и 10 скока. Кај Естонија со по 16 поени најдобри беа Маик Калев Котсар и Сим Сандер Вене.
Следниот натпревар за Македонија е против Полска, а истиот ќе се одигра за три дена, односно на 26. февруари.
Александар Ванев, М-Нет