Маж од Косово приведен на граница по барање на СВР Штип

На 05.01.2026 во 18:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода B.A.(58) од Р.Косово. При извршена гранична контрола, било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Штип. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Куманово.