
На 05.10.2023, полициски службеници од ОВР Виница извршиле службен разговор со С.Ц.(43) од виничко село. Тој се сомничи дека, по претходно нарушени семејни односи, се однесувал агресивно и упатил закани на неговата 31-годишна сопруга од Република Албанија, со привремен престој во виничко село. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.