Маж од виничко се однесувал агресивно и се заканувал на неговата сопруга од Албанија

На 05.10.2023, полициски службеници од ОВР Виница извршиле службен разговор со С.Ц.(43) од виничко село. Тој се сомничи дека, по претходно нарушени семејни односи, се однесувал агресивно и упатил закани на неговата 31-годишна сопруга од Република Албанија, со привремен престој во виничко село. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.