М-Нет телевизија во посета на радио ,,Енџeлс ФМ”, по повод светскиот ден на радиото

По повод Светскиот ден на радиото, М-Нет телевизија беше во посета на радио Енџелс фм во Штип. Работата за овие радио водители зад микрофоните е исклучително одговорна, бидејќи бара многу внимание, бура на идеи, посветеност и точност, но и брзина кога станува збор за официјална вест. Но целата оваа одговорност за радио водителката Надица Стојкова е пред се задоволство, бидејќи таа заедно со нејзиниот колега Никола Арсов, секојдневно ги расположуваат слушателите и нивните обожаватели.

“За да се биде водител во радио водител пред се е одгормно задоволство, голема одговорност, бидејќи овде се важни некакви правила, како на пример дикцијат, вокалните способности, талентот кој што го имаш и она што го сакаш да го пренесеш на слушателите, бидејќи овде за разлика од телевизијата не постојат гледачи, туку слушатели и она со што можеш да ги освоиш е со својот глас. Овде се информацииве, кои што се важни за да ги слушнат и секако музиката, која те води за да можеш сета онаа енергија, која што ти ја чувствуваш да ја пренесиш на своите слушатели.“, вели Стојковска

И за Никола работата претставува предизвик, но и привилегија бидејќи секојдневно тие треба да бидат многу креативни, способни и ведри, иако на никој веќе животот не е розов.

“Денешниот ден е светски ден на радиото, а што значи да се работи во радио, дефинитивно е голем предизвик за нас како новинари, како медиумски работници, како радио водители. Да се работи во радио е голем предизвик, но истовремено и превилегија бидејќи секојдневно требаме да бидеме многу креативни со многу идеи. Да бидеме способни за комуникација, да ја развиваме мислата на некој наич, да имаме интервју секој ден. Предноста на нашето радио е тоа што ние како не обработуваме политички теми, а повеќе се фокусираме кон успесите и резултатите кон успешните приказни, а тоа што не прави по различни од другите медиуми на пример последно е тоа што снимавме 12 годишник.“, вели Арсов

На прашањето која е дефиницијата за да рано наутро тие се слушаат толку бистро и чисто, Надица вели дека истата гласи одење пеш до работа, утринско кафе, желба и љубов кон професијата, но и секако музика, која е посебен рецепт со утринско кафе.

“Добро прашање со оглед на тоа дека е уао како се станува и се будиме ние радио водителите, особено оние кои што водат утринска емисија, па затоа преферарам да одам пеш до радиото, за да имате подобри мисли, идеите. Инаку да прво утринско кафе, желба за да се дружиш на радио. Овде е секако и музиката.“, додава Стојковска

Инаку, Радио Енџалс фм постои од први јули 2010 година. Првиот уредник на радиото е Трајче Јованов. Споганот на радиото е квалитетен зук за луѓе со стил и истото од почетокот со својата богата програмаа се наметна на поширокиот аудиториум во Македонија. Радиото започнало со идејата за нешто модерно, и урбано, кое секојдневно ќе ги следни сите збиднувања и ќе ги информира слушателите на објективен начин. Радиото е единствено локално во Штип.

Иван Митев, М-Нет