
Само со близу до граѓаните и решавање на нивните проблеми, еден градоначалник може да се смета за успешен, вака Првиот човек на Општина Гоце Делчев од Р.Бугарија Владимир Москов, го опшива успехот на еден градоначалник. За медиумите во државава, тој посочи дека никогаш граѓаните не сакаат да слушнат негативен одговор и она што е особено важно е градоначалниците секогаш позитивно изнајдуваат решенија.
“Граѓаните не сакаат да слушнат не од градоначалник, сакаат решавање на проблемите. Се трудев во овие години по малку да кажувам не, а повеќе да, а другото е градоначалникот да забораваи од каде е тргнал. Да не се прави голем и да не мисли дека тој е над сите. Треба да оди смирено и блиску со луѓето и само така се добиваат самите резултатите. Тоа е поврзано со многу напор, работа, побелување на косата, но тоа се важни нешта, а третото е да имате силна група. Група од луѓе да не те подведуваат, лажат и кога ќе има потреба исто за совет, но основното е да сте близу до луѓето.“, вели Москов
Москов вели дека општината Гоце Делчев е помала за разлика од Штип, но во истата има и три селски општини. Додава дека тие имаат се што е потребно како Суд, банка, добра болница, полиција и слично
“Општината е 35 000, но сепак Штип е сега поголем град, но самиот регион во кој што има инфраструктури со служба е околу 70 000. Имаме три селски општини во регионот на Гоце Делчев и знаете дека старото име на градот е Неврокоп. Во неврокопската еколоина има вкупно 75 000, кои што ја користат инфраструката и покрај тоа што се самостојни. Болници, Полиција, Банки, Суд, Гоце Делчев ја користи инфраструктурата, а во задминистрацијата има 110 вработени. Во тоа спаѓаат и социјалните служби. Имаме и голема болница која е општинска и истата ја користат сите од регионот, а целото тоа тежнее на буџетот и покрај тоа што тие се финасирани преку министерството за здравство.“, додава Москов.
Она што посебно го истакнува градоначалникот Москов е да нема поделба помеѓу граѓаните. Особено советува да се помага дури и на противници и никако поинаку не треба да се прави. Само така тој вели дека еден градоначалник може да се смета за успешен.
Иван Митев, М-Нет