М Нет ексклузивно во Крушево по повод роденденот на Тоше Проески

25 јануари македонската поп ѕвезда Тоше Проески  денеска требаше да го прослави својот 40 роденден. Тоше зад себе остави многу хитови и беше на прагот на светската слава. Тоше го сакаше цела Македонија, го обожаваше цел Балкан. Бидејќи, скромноста, добрината и неговата хуманост успеа да допре милиони срца.

Крушево, родното место каде секогаш ќе потсеќа на Тоше. Со иста болка и премногу недостасување, Крушевчани го спомнуваат. Остануваат неговите хумани дела да се продолжуваат и да се почитуваат неговите личност и дело. Бидејќи, како Крушевчани сме должни тоа да го правиме на долг рок. Изјавува Габелоски

„Се трудиме во најмало можно светло да го почитуваме и продолжиме ликот и делото на Тоше. Неговата хуманитарна мисија ја продолжуваме бидејќи, наша е должноста за животот и делото на Тоше да ја раскажуваме на идните генерации“. Изјавува, Габелоски.

Одбележувањето на неговиот 40 роденден, поради глобалната пандемија со Ковид-19 ќе биде со значително помали содржини. Полагање на свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше. И крводарителска акција. Вели, Габелоски

По 13 години вечното почивалиште на Тоше е уредено. За оваа идејно решение  е конслутирано и семејството на Тоше. Сите негови фанови ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште, симбол кој ја изразува неговата љубов. И до ден денес, посетеноста е преголема. Исто така и прекрасна анегота која ни ја објаснува Блажески

„И до ден денес, посетеноста на вечното почивалиште е голема. Фановите на Тоше не го забораваат и доаѓаат ос секаде“. Вели, Блажески.

Пораснавме со неговата музика, Тоше ќе остане нашиот идол. Изјавуваат, дел од граѓаните на Крушево.

Споменот на Тоше живее преку неговите песни и дела. Спомен куќата „Тодор Проески“ е место каде почнувајќи од неговото детство па се до неговата музичка кариера, преку разни експонати кои го отсликуваат неговиот  живот.

„Спомен куќата „Тодор Проески“ е место каде има вкупно 350 експонати кои го отсликуваат неговиот живот. За да го заштитиме нашето здравје, внимаваме пред се’ според протоколот за заштита од Ковид-19. И досега сите посетители се придржуваат според дадените мерки. Спомен куќата ќе работи и денес, во чест на 40 роденден на Тоше“. Изјавува, Цветанче  Андреска

Тоше вечно ќе се чува од заборав а армијата од негови фанови, вечно ќе го продолжува неговиот пат.

Надица Стојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет