Локалните и регионални медиуми од денеска на штрајк

Од денеска со штрајк започнуваат и медиумите. Откако претходно поставените барања на електронските медиуми не беа исполнети од страна на Владата, од денеска започнува првиот стадиум од веќе најавениот штрајк со кој програмите ќе се исклучуваат по 30 минути во прајм тајм термините секој ден. На екраните на телевизиите ќе биде црна позадина на која ќе пишува Штрајк.

Ова следи откако претходно Владата подолг временски период ги игнорира барањата на регионалните и локални медиуми и со тоа се загрозува економската и егзистенцијална ситуација.

Од Владата се бара да биде прифатено барањето за ослободување на 50% од плаќање на надометок за дозволата за 2022 одина која ја плаќаат радиодифузерите кон регулаторното тело. Доколку и по 15 дена нема одговор од страна на Владата и продолжи со игнорирање на барањата на медиумите, од здружението посочуваат дека ќе продолжат со вториот стадиум од протестот. Впрочем, ќе следувам гасење на програмата со траење од еден час секој ден и престанување на следење на сите активности на Локалната самоупрва и јавните претпријатија во информативните блокови и повелечување на новинарските екипи од прес конференции.

Локалните и регионални медиуми се во многу лоша ситуација и неопходни се решенија додавата од здружението.

Лаура Стојанова М-Нет