Соработката меѓу Штип и Кина да се продолжи на едно повисоко ниво

Продолжување на соработката меѓу Општина Штип и Кина, привлекување на нови кинески копании во градот под исарот и соработка на повеќе полиња е заклучокот од денешната средба меѓу градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и кинескиот амбасадор кој денеска беше во посета на Штип. Во оваа прилика Јорданов истакна дека Штип има соработка со странски држави и ова е уште една можност истите да се прошират и со Народна Република Кина.

„Разменивме и искомунициравме на различни теми, на можната соработка и продолжување на соработката на економски, образовен, културен и здравствен план. Имаше и претставници на кинески компании на оваа средба, а ќе го презентираме и сето она кое го имаме како потенцијал. Општина Штип има веќе позитивно искуство со странски компании, ја имавме можноста да го презентираме тој капацитет на оваа средба и јас сум убеден дека во наредниот период ќе ја продлабочиме соработката“ – кажа Јораднов.

Соработката од претходно да продолжи и во иднина е една од заложбите кои на денешната средба ги истана кинскиот Амбасадор во државата. Тој истакна дека Народна Република Кина е подготвена да инвестира во Општина Штип.

„Јас искрено ќе ги препорачам и воведам предностите од Кина во претпријатијата во Штип и се надевам дека и кинеските прептирјатија ќе инвестираат во оваа општина. Кинеската амбасада во Македонија е исто така подготвена да создава нови можности и платформи во Штип и Локалнта самоупрва ќе има повеќе придобивки. Мислам дека денеска е само почетокот на нашата идна соработка. Понатаму јас ќе ја посетам индустрсиката зона и се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе средби од кои ќе проилезат подобри бенифиции за овие две држави и два народи“

Соработката меѓ Општина Штип и Народна Република Кина ќе се реализира во повеќе сфери дециден беше денеска Кинескиот амбасадор.

Лаура Стојанова М-Нет