Лесна и сигурна победа за лидерот Куманово против Аеродром

Денес со натпреварот во Доброшане беше отворено 16. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север каде лидерот Куманово лесно и сосема очекувано славеше над Аеродром со резултат од 3:1.

Гостинот прв го отвори резултат со гол на Кристијан Апостоловски во 34. минута, а четири минути подоцна Куманово од пенал израмни на 1:1 откако Андреј Јовановски беше сигурен реализатор од белата точка.

Веќе во 43. минута со нов гол на Јовановски следуваше комплетен пресврт за 2:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Гоце Насковски погоди за конечни 3:1.

Во 54. минута Дамјан Благоевски заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, но Куманово немаше проблем до крајот на мечот иако беше со играч помалку на теренот.

Колото ќе се комплетира утре со останатите натпревари.

Александар Ванев, М-Нет