
Денес со дуелот меѓу Ултрас и Бучин беше отворено 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако овие две екипи одиграа реми со шест гола (3:3) за прв бод на „фенерџијата“ Бучин и тоа во 90. минута.
Домашниот тим преку Миодраг Тасески и Христијан Свртиновски од пенал имаше водство од 2:0 по деветнаесет минути игра. Гостинот преку искусниот Зоран Мирчески во 32. минута намали на 2:1 на полувреме.
На стартот од вториот дел Дарко Евтимџоски израмни на 2:2 во 53. минута со што Бучин се врати во егал борба за трите бодови. Во 71. минута Бобан Тошески постигна гол за 3:2 и го врати водството на Ултрас. Во финишот на мечот односно во 90. минута Евтимџиоски со втор гол ги постави конечните 3:3 и обезбеди прв сезонски бод за Бучин кој во пролетниот дел ќе се бори за опстанок во Трета лига – Југ.
Колото ќе се комплетира утре.
Александар Ванев, М-Нет