Лазаров: Фарски Острови беше подобар противник, ќе се бориме и веруваме во позитивен исход!

Ракометната репрезентација на Македонија вчера беше поразена со 34:27 на првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2025 година.

По натпреварот изјава даде и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, кој вели дека Фарски Острови бил подобар противник но додава дека ќе се борат и верува во позитивен исход и очекува поддршка од публиката како никогаш до сега.

„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин. Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа. Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола. Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела“, изјави селекторот Лазаров.

Реванш натпреварот се игра веќе во недела во „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19 часот.

Александар Ванев, М-Нет