
Атлетичарот Дарио Ивановски е првиот македонец кој избор пласман на Летните Олимписки игри во Париз.
Најновата листа ја предводи Сисај Лема од Етиопија, а на истата е Дарио Ивановски кој се најде на 78. место, а тоа значи дека согласно постигнатото време 81 маратонец добиваат билет за учество на Олимписките Игри.
Ивановски неодамна постави национален рекорд на маратонот во Севиља кој истрача за 2 часа осум миути и 25 секунди. Претходно, Ивановски обезбеди норма за настап на Европсокто првенство во Рим, Италија, кое ќе се одржи во јуни годинава, а потоа го чека мараторнот на Летните Олимписки игри 2024 година во Париз, Франција.
Ивановски е во одлична форма откако блесна во Валенсија, а потоа и во Севиља, а стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон.
Александар Ванев, М-Нет