Куче нападна куче во Штип, решение на проблемот со кучињата скитници сѐ уште нема

Бездомно куче нападнало домашно куче во центарот на Штип. Настанот се случил во текот на вчерашниот ден кога штипјанка со нејзиното милениче куче одмарала во градот, и тогаш едно од бездомните кучиња го нападнале нејзиното куче. Раскажува како сликата била страшна, а последиците за нејзиното куче се големи. Ова е само еден во низата несреќни случаи кои се случуваат со бездомните кучиња на територија на Штип. За проблемот стар со години, граѓаните во Штип согласни дека решение сѐ уште нема. Бездомни кучиња има на секоја улица додаваат тие, опасно е и за возрасните ама пред сѐ за децата, оти кучињата најчесто се движат во група.

„Јас во Осми Номеври живеам, многу кучиња има, посебно кај училиштето, деца одат на школо, роблемот не е решен. И тоа многу време не е решен. Треба да се преземе нешто, јас возрасна се плашам, а не учениците.“ – велат граѓаните.

Во Општина Штип нема стационар за заловување и хумано третирање на бездомните кучиња, однонсо тој што го има не е во функција бидејќи ги нема основните услови за заловување на кучиња скитници. Пред половина година во втор обид се избра фирма оператор која треба да се грижи за заловување и хумано третирање на кучињата скитници. До сега кумановската фирма неколку пати заловуваше на територија на Општина Штип, но како што велат граѓаните решение на виделина нема. Кучиња по улиците има секаде. Каква е ситуацијата на терен во Штип моментално со кучињата скитници и до каде е нивното заловување и хумано третирање го прашавме и градончалникот Иван Јорданов, но одговор од страна на општина нема.

Лаура Стојанова М-Нет