
Фудбалската федерација на Македонија денес ги извлече паровите за полуфиналето во Купот на Македонија.
Ждрепката посака во големото полуфинале да се соочат бранителот на титулата Македонија ЃП со Шкендија, а Струга со Силекс.
Во полуфиналното соочување “лавовите” ќе гостуваат во Тетово, а Силекс во Струга.
Натпреварите од полуфиналето на Купот на Македонија се предвидени за следниот месец, а финалето е закажано за третата недела од месец мај.
Од сите полуфиналисти само Струга Трим Љум ќе се бори за прва Куп-титула, односно стружани се единствени без освоен Куп, додека пак Силекс има три трофеја во Купот, освоени во 1994 година, 1997 и 2021 година, Македонија Ѓорче Петров има две Куп-титули освоени во 2006 година и 2022 година, а со две Куп-титули е и Шкендија, која ги освои во 2016 и 2018 година.
Трофејот од минатата сезона го брани Македонија Ѓорче Петров.