КУП: Македонија ЃП против Шкендија, Струга со Силекс!

Фудбалската федерација на Македонија денес ги извлече паровите за полуфиналето во Купот на Македонија.

Ждрепката посака во големото полуфинале да се соочат бранителот на титулата Македонија ЃП со Шкендија, а Струга со Силекс.

Во полуфиналното соочување “лавовите” ќе гостуваат во Тетово, а Силекс во Струга.

Натпреварите од полуфиналето на Купот на Македонија се предвидени за следниот месец, а финалето е закажано за третата недела од месец мај.

Од сите полуфиналисти само Струга Трим Љум ќе се бори за прва Куп-титула, односно стружани се единствени без освоен Куп, додека пак Силекс има три трофеја во Купот, освоени во 1994 година, 1997 и 2021 година, Македонија Ѓорче Петров има две Куп-титули освоени во 2006 година и 2022 година, а со две Куп-титули е и Шкендија, која ги освои во 2016 и 2018 година.

Трофејот од минатата сезона го брани Македонија Ѓорче Петров.